Животна училница // Приказни
Маскирани во „101 далматинец“ дечињата од „Светот на колорес“ дефилираа за 1 април
Шетајќи низ улиците на Карпош ги затекнавме маскираните дечиња од градинката „Светот на колорес“ кои ни го разубавија денот.
Дечињата предизвикаа воодушевување и измамија насмевка на нашите лица а несомнено и на лицата на сите минувачи.
Весели, маскирани во еден од најпопуларниот цртан филм „101 далматинец“, не поздравија и ни посакаа убав и весел ден.
Огромно браво за целиот тим на градинката, кој вложил труд и љубов во овој проект кој несомнено е уникатен и за почит!