Мажот ја изневерил со старица, но таа го уништи: Одмаздата на оваа жена е брутална

Добивај вести на Viber

Одмаздата на изневерената сопруга стана вирална...

Наместо да се разведе од својот маж, оваа жена се одлучи за одмазна, кога дозна дека тој имал афера.

Имено, се испоставило дека мажот живеел „двоен живот“, имал семејство во Њујорк и девојка во округот на градот, а ниту една жена не знаела за другата.

Кога сопругата дознала, одлучила да го обелодени тоа и да го понижи својот маж, така што лепела постери и флаери по целиот град.

На постерот имало фотографија од семејството, главата на мажот била заокружена, а под фотографијата пишувало:

„Ги остави жената и децата во Њујорк, за да се забавува со старица“.

Фотографијата од постерот е споделена на отворениот форум „Редит“, каде многу корисници ја критикуваа жената.

„Зошто си ставила фотографија од децата? Што имаат тие со тоа? Казни го својот маж, немој нив“ - гласеше еден од коментарите.

„Како ли им е на овие деца во училиште сега кога знаат што им се случува во домот?“ - праша друг корисник.

„Покрај разводот, децата мора да трпат и ова понижување“ - додаде трет.