Меган ја „распарчија“ поради накитот од 350.000 евра: Погледнете како изгледаше на првото јавно појавување по долго време во Њујорк

Добивај вести на Viber

Принцот Хари и Меган Маркл вчера пристигнаа во тридневна посета на Њујорк, а очите на целиот свет беа вперени во убавата Американка - ова е првпат да се појави во јавноста откако се породи со нејзиното второ дете - ќерката Лилибет.

Ова е и прво официјално патување на војвотката и војводата од Сасекс откако го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија, а ова издание на Меган Маркл ја заинтересира публиката. 

Да потсетиме, Меган ги доби симпатиите на модната јавност за кратко време од нејзиниот ангажман во Велика Британија, станувајќи еден вид модна икона рамо до рамо со Кејт Мидлтон.

Од друга страна, славната 40-годишна жена честопати беше критикувана за нејзината скапа гардероба со дизајнерски потписи, а не беше имуна ниту на скапиот накит. Се чини дека оваа практика продолжила, имајќи предвид дека вчера, барем според британските медиуми, таа носеше накит со вкупна вредност од над 300 илјади фунти! 

Меган беше екстремно едноставно облечена - во црно од глава до пети, но затоа носеше неверојатно вреден накит, вклучувајќи го нејзиниот веренички прстен од 270.000 фунти и рачниот часовник на принцезата Дијана, Картие, вреден 17.800 фунти!

„Прстенот е направен од жолто злато затоа што Меган го сака најмногу, а самиот камен е од Боцвана, а малите дијаманти од двете страни се од колекцијата накит на мајка ми, за да се увериме дека таа е со нас на ова лудо патување заедно“, рече принцот Хари за вереничкиот прстен тогаш.

Војвотката, позната по љубовта кон накитот што носи одредена симболика, го покажа својот нов прстен со меко розов камен, за кој се верува дека е направен од „донирани дијаманти од Блискиот Исток“, пренесува „Дејли мејл“. Таа носеше и прекрасен, ефективен прстен од брендот Birks, кој чини 3.300 фунти. 

Шлаг на тортата беа дијамантските обетки „Каритер“, кои чинат неверојатни 12.000 фунти, а кои Меган ги носеше за денот на нејзината венчавка, и на крштевањето на нејзиниот син Арчи.


Фото: Profimedia

Не би ја препознале: 30 фотографии од избришаниот Инстаграм профил на Меган Маркл