Мери Цетиниќ неутешна поради смртта на нејзината ќерка: Не успеавме сонце мое, Бог те зема
Мери Цетиниќ со објава на Фејсбук се присети на покојната ќерка, единица Ивана Буриќ, која почина на почетокот на јуни годинава.
Оваа година беше многу тешка за пејачката Мери Цетиниќ (68) бидејќи ја загуби ќерката.
„...Не успеавме, сонце мое драгиот Бог те зеде во неговите раце, во височините на небото, sвездите... а на твојата неутешна мајка ѝ ја остави најдлабока тага... Твоето, стотици пати повторувано „Мамо, те сакам“ ќе одекнува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, моја најмила Иви... - напиша тажната мајка.
Ивана почина на почетокот на јуни на 44-годишна возраст во болница во Сплит, а веста за нејзината смрт ја потврди и Мери на својот Фејсбук и оттогаш често ѝ ги посветува своите објави.
„Секогаш со книга во рака, зборуваше дека е книгата е твојата пријателка... Сега твоите зборови и стихови се кај нас.. Секој први во месецот е болен спомен на твоето прерано заминување, затоа денес на празникот на Сите Светци... Почивај во мир, возљубена моја, во прегратките на Отецот Небесен, ти благодарам за сета љубов што ми ја даде, беше мојата Ива и секогаш ќе бидеш“, напиша таа покрај фотографијата и растажи многумина.
Југословенската дива, пејачката Мери својата ќерка ја одгледа како самохрана мајка, а Ивана тргна по нејзините стапки и дипломира на Музичката академија во Загреб, а во 2014 година заедно го издадоа албумот „Дозволи ми“.
Нејзината Ивана секогаш била пред нејзината кариера, па поради неа еднаш одбила примамлива понуда од Л.А.
Инаку пејачката Мери била двапати прогласувана за пејачка на годината на територијата на цела поранешна Југославија, а нејзини песни се некои од најпознатите евергрини кои и ден денес се слушаат.
извор:dnevnik.hr