Животна училница // Приказни
Меркел целосно ја затвора Германија од понеделник
- 30 Октомври, 2020 16:47

Германија оди во карантин.
Канцеларката Ангела Меркел се состана со премиерите на сојузните држави на разговори за новите мерки. „Билд“ ексклузивно откри како премиерите на сојузните држави се договориле со Меркел, така што земјата ќе влезе во карантин во понеделник.
Во Германија почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства.
Рестораните, баровите, театрите, кината, базените и теретаните ќе бидат затворени, а концертите откажани, училиштата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, со строго почитување на мерките за физичко растојание и хигиена.
И Франција оди во карантин.