„Ми го гмечеше лицето и филерите во усните, за да бидам грда за другите мажи“: Потресна приказна на Каролин за љубоморниот и насилен сопруг
Керолин Шеферд мислела дека го нашла човекот од соништата, додека не сфатила дека тој е опсесивно, контролирано и насилно чудовиште.
Триесет и осумгодишната Кeролин од Вирал имала дваесетина години кога барала љубов и го запознала својот сопруг Вејн Велинг, но нивната среќна романса набрзо се претворила во нешто многу помрачно.
Затворена во сопствениот дом
Кeролин беше затворена секогаш кога нејзиниот сопруг излегуваше надвор, а ја
надгледуваше звучник, што тој го користел за да ја принуди да му каже што прави
во текот на денот. Кeролин трпела долгогодишно страдање од рацете на нејзиниот
посесивен сопруг, а еднаш тој дури и насилно и исцедил филер од нејзините усни.
„Понекогаш имав филери за усни и Вејн силно ги притискаше моите усни, стискајќи
ги додека не пукнат. Тоа беше тортура“, се сеќава таа. „И тој би рекол: „Тоа ќе
те научи“.
„Негогаш дури ми ја празнеше торбата за шминка и сè ми уништуваше. Или поминуваше покрај мене и ја креваше раката. Се смееше кога се тресев, како сето тоа да беше игра. Но, заканата од насилство беше некако полоша од самото насилство. Сакам да носам шминка и женствена облека, само за да се чувствувам добро во себе. Не се обидував никогаш да импресионирам никого или да имам афера“.
Насилството и љубомората влијаеле врз нејзиниот живот и кариера
Откако претрпела толку многу малтретирање, Керолин почнала
да губи интерес за нејзиниот изглед, а љубомората на Вејн дури и влијаела на
нејзината кариера.
„Работев во автомобилската индустрија, па повеќето од моите соработници беа мажи,
што на Вејн не му се допаѓаше. Не ми беше дозволено да пишувам пораки или да се
јавам на друг маж, дури и ако се работи за колага од работа“.
Парот се запознале преку Интернет во 2013 година, а
Керолин рече дека „и се чинел како вистински избор“ и дека тој сакал да биде со
неа цело време.
„Тој беше толку интензивен. Флертував, мислејќи дека тој навистина ме сака. На
27 години бев подготвена да се смирам и мислев дека тој се чувствува
исто". Сепак, брзо почнаа да се појавуваат недостатоци.
Насилството ескалирало, но Керолин верувала дека го заслужила тоа што и се случува
Ја принудил мајката на две деца да ја снима нејзината моминска вечер за да докаже дека нема афера. Тој дури и ја нападнал на нивната брачна ноќ во 2016 година, откако таа танцувала со пријател геј.
Со текот на времето, Кeролин сфатила дека Вејн се скарал со повеќето негови пријатели и семејството и дека нема никого со кого е близок, но признава дека на тоа замижувала и за шест месеци почнале да живеат заедно.
„Првата ноќ во нашиот нов дом излеговме на пијачка. Вејн беше пијан кога стигнавме таму и нарача храна. Полуде кога храната доцнеше и некако го извади својот гнев врз мене", открила Керолин.
Контролата станала посилна
Вејн ја запросил во 2016 година, а Керолин длабоко во
себе знаела дека тоа е грешка, но „чувала во себе“, велејќи си дека тоа може да
биде нов почеток.
„Покрај тоа, дотогаш се чувствував толку депресивно и безвредно што не гледав
излез. Почнав да верувам дека заслужувам злоупотреба, исто како што тврдеше
Вејн“.
По нивниот брак, работите станале многу полоши, па секогаш кога нејзиниот сопруг заминувал на работа како заварувач, тој ја заклучувал вратата и ги земал клучевите - ја заробувал внатре и комуницирал со неа преку звучникот.
Постепено излегување од пеколот
Таа рече дека тој „ќе влезел и тивко ќе слуша“ иако во позадина можело да се слушне бучава од неговото работно место. „Кога ќе го прашав за тоа, тој ми велеше дека само го замислувам тоа, обидувајќи се да ме натера да мислам дека полека го губам умот.
„Доколку не му одговорам на неговиот повик или СМС, тој веднаш ќе ја повикаше Алекса (звучникот) бидејќи се сомневаше дека имам афера, што никогаш не беше вистина“, изјавила Каролин за Mail Online.
Ја спасила нејзината мајка
Во декември 2020 година, излегле на вечера кога Керолин
прочитала текст од машки колега. Вејн станал „бесен“ и ја обвинил дека
флертува, одземајќи и го телефонот.
„Кога дојдовме дома, тој самиот збесна, ја соблече кошулата и ме погледна со
црните очи. Изгледаше речиси демонски“.
„Се качив горе за да побегнам од него. Но, тој дојде по мене, скрши дрвена шипка во спалната соба. За мој ужас, почна да ме удира со неа. Дури и тогаш не ми дозволи да викам. Беше толку тешко да молчам".
Каролин верува дека нејзината мајка ѝ го спасила животот таа ноќ бидејќи била загрижена кога не можела да ја добие на телефон. „Кога мајка ми ме виде, сина и крвава, ме праша: „Дали сакаш да дојдеш со мене? и кимнав со главата“.
Крај на врската и правдата
Вејн се обидел да ја спречи, како и секој пат кога таа се обидувала да побегне, но таа на крајот заминала со нејзината мајка и повеќе не се вратила. Сепак, и требало една година за да се чувствува доволно силна за да оди во полиција.
Во септември 2024 година, Вејн беше прогласен за виновен пред судот во Ливерпул за две точки од обвинението за напад со телесни повреди, контрола и принуда, а во ноември беше осуден на пет години затвор.
„Конечно е во затвор, и сега имам шанса да гледам во иднината“.
„Чувствувам такво олеснување што е затворен. Имам шанса
да погледнам во иднината. Се вратив на работа и животот е подобар од кога било.
Осум долги, осамени години молчев мислејќи дека тоа е најдобро", рече таа.
Фото: Социјални мрежи
Извор: Ona.telegraf.rs