„МИ ВПЕРИЈА ПИШТОЛ и ме соблекоа ГОЛА, мислев дека ќе ме СИЛУВААТ И УБИЈАТ“: Ким Кардашијан на СУДЕЊЕТО НА ДЕЦЕНИЈАТА

Ким Кардашијан денес сведочеше на судење во Франција, најголемото судење за грабеж во земјата во последните 10 години. И помина речиси една деценија откако нејзиниот накит вреден 10 милиони долари беше украден во француската престолнина за време на Модната недела.
„Бев сигурна дека ќе умрам“, рече Ким Кардашијан на суд, опишувајќи како двајца мажи облечени во полициски униформи и со маски ја држеле под закана со пиштол.
Крадците ја совладале рецепционерката пред хотелскиот апартман каде што таа престојувала. Ким ја врзале и ја оставиле во бањата. Сè се случило во октомври 2016 година, кога од нејзината хотелска соба беше украден скап накит, вклучувајќи го и нејзиниот веренички прстен од четири милиони долари, со кој нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест ја побара за жена.
„Им велев дека морам да се вратам кај моите деца“
Ким Кардашијан слушнала „трескање“ пред нејзината соба таа ноќ околу три часот наутро, а кога ја отворила вратата, ја видела рецепционерката со лисици и двајца крадци. Еден од нив вперил пиштол кон неа. Ким рекла дека размислувала за своите деца и дека смртно се плашела дека ќе биде силувана и убиена.
„Постојано им велев дека имам деца и дека морам да си одам дома кај моите деца“, рекла таа и нагласила дека едниот крадец покажал кон нејзината рака и рекол: „Прстен“.
Другиот ѝ ги врзал рацете и нозете и ѝ ставил селотејп на устата. „Ме зграпчи за нозете и ме повлече. Бев гола, сè беше откриено. Бев сигурна дека ќе ме силува“, раскажала Ким видно потресена.
Таа нагласила дека поради траумата што ја доживеала, не се сеќава на лицето на крадецот. „Почнуваш да размислуваш за твоето семејство и сè исчезнува“, продолжила таа.
Откако крадците си заминале со пленот, Ким успеала да го извади селотејпот и да се ослободи, па истрчала долу до местото каде што престојувала нејзината пријателка и стилистка Симоне Харуш, која ѝ помогнала да ги отстрани лентите околу зглобовите.
Тие истрчаа од хотелот и се скрија во грмушките. Ким ѝ се јавила на мајка си, Крис Џенер, која исто така била во Париз. Полицијата набрзо пристигнала, но Кардашијан се сомничала бидејќи крадците носеле полициски униформи. „Не знаев кому можам да му верувам“, рече таа искрено.
Таа долго време беше мета на крадци
Ким дознала дека истите крадци планирале да ја ограбат за време на нејзината претходна посета на Париз, но се откажала бидејќи Канје Вест бил со неа во тој момент.
„Бев шокирана кога дознав дека нападот го планирале веќе некое време“, рече Ким, додавајќи дека грабежот бил добро испланиран.
Водачот на бандата ја молеше за прошка, таа...
Стариот Омар (69), како што го нарекуваат водачот на бандата што ја ограби Ким, поднел писмена изјава до судот, бидејќи е глув.
„Го ценам ова писмо, ти простувам за она што се случи, но тоа не ги менува емоциите и траумата што ми го променија животот засекогаш“, му одговорила Ким откако тој ја замолил да му прости.
Ким Кардашијан пред судот изјави дека пред грабежот, секогаш се чувствувала безбедно во Париз, а сега во куќата во Калифорнија секогаш има четири до шест обезбедувачи.
Судењето траеше во последните две недели. Девет мажи и една жена, кои ги нарекуваат „стари крадци“ бидејќи сега имаат повеќе од 60 и 70 години, се појавија на суд. Повеќето од осомничените беа уапсени три месеци по грабежот.
Вратен е само еден накит, ѓердан од 24.000 долари што крадецот го испуштил на улица додека бегал со велосипед. Го пронашла жена која го однела дијамантскиот накит на работа, потоа дознала за грабежот и ја повикала полицијата, пишува TMZ.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Zena.blic.rs