Милена Антовска е во блажена состојба: Го откри полот на бебето и кога ќе се породи
Познатата водителка Милена Антовска по втор пат ќе се оствари во улогата на мајка.
Среќната вест ја сподели со јавноста потврдувајќи дека е во блажена состојба за порталот ММС.
-Да вистина е, на половина бременост сум. Уште малку и ќе бидам во петтиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско , наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка. Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани, рече Милена за ММС.
„Сонувајте, планирајте, реализирајте и што е најважно инвестирајте. Инвестирајте пред се’ во себе си, во градење и растење на својата личност и што е многу важно, вложувајте во децата. Тоа е најисплатлива инвестиција која може нема да даде инстант повратен ефект, но после години ќе вроди со плод. Го знам тоа од моите родители.
Почитувајте и ценете!“ - напиша пак Милена во последната објава на Инстаграм.
Освен што е посветена кога е работата во прашање, водителката Милена Антовска Станковска е исто толку, ако не и повеќе посветена на мајчинството. Секој слободен момент го користи за да биде покрај својата ќерка и да не пропушти ниту еден момент од нејзиното растење, а сигурни сме дека ќе биде исто и со втората ќеркичка.