Милица Мандиќ умее и да се дотера: Кога не е во спортска облека, изгледа како вистинска дама
Милица има истенчен вкус за мода...
Една од најдобрите теквондистки во светот и секако најдобрата од Србија, Милица Мандиќ од Олимписките игри во Токио се врати со златен медал околу вратот и направи химната на нејзината земја да се слушне и на доделувањето на истиот.
Освен нејзината спонтаност, природна убавина и скромност со кои воодушевува, надвор од терените и салите за вежбање, Милица има истенчен вкус за мода и сака да ги носи своите омилени парчиња облека - кратки лелеави фустани.
Имено, најдобрата српска теквондистка има завидна фигура, која сака да ја покажува во фустани, кои совршено ѝ прилегаат.
Судејќи според фотографиите на нејзините социјални мрежи, Милица Мандиќ сака да носи и мини фустани над колена, со едноставен крој и без премногу детали, а кои од друга страна ги комбинира и со патики и со високи потпетици.