Милош Биковиќ конечно среќен: Која девојка го освои неговото срце?
Милош Биковиќ е еден од најпопуларните актери кај помладата генерација, а честопати ја интригира јавноста со своите изјави. Па така, и овојпат, тој беше многу мистериозен кога станува збор за неговиот емотивен статус.
Откако раскина со убавата манекенка Барбара Таталовиќ, тој се сврте кон својата кариера и филм. Одамна не признал што всушност му се случува на приватно ниво, но сега Милош откри дека освен што ужива во работата и слободното време, во животот има уште некој со кој е среќен и задоволен. Откри дека сака да се релаксира со чаша добар алкохол, но секако во вистинска прилика и во вистинско време.
- Уживам во пијалок кога сум во кафуле со пријатели или уживам дома, а понекогаш и пијам додека чекам на семафор! Се шегувам, секако, сакам да пијам кога е време - рече Милош за српски „Ало“ и откри дека не сака да консумира алкохол за време на снимањето.
Освен што откри дека работата на актер не е воопшто лесна, но и како тој се справува со стресни ситуации, Милош Биковиќ одговори на прашањето што ја интригира јавноста со години - дали е емотивно исполнет. Тој не го откри својот љубовен статус, но кратко одговори со насмевка