Мини-розе фустан и широка насмевка: Милица Павловиќ го прослави 30-от роденден во „секси сењорита“ издание
Пејачката го прослави роденденот во ресторан на Калемегдан, а по тој повод ги изненади сите со своето „сески сењорита“ издание.
Имено, оваа лавица наполни 30 години и со тоа ја заокружи третата деценија од својот живот.
Таа одлучи да им приреди гала забава на гостите во ресторан на Калемегдан, а на прославата дојде со бел автомобил Ренџ Ровер. Таа застана, позираше за фоторепортерите, како и разговараше со седмата сила. Во таа прилика, таа рече дека и е доста од зборот „ковид“ и дека не може да поверува што ни се случи во претходниот период предизвикано од оваа чума.
За оваа прилика, таа избра да облече краток розов фустан со светки кој имаше деколте од градната коска до почетокот на стомакот. Овој фустан совршено ја истакна нејзината извајана фигура и нејзините заносни нозе. Таа одличи да носи бели сандали со тенки прерамки, а целата комбинација ја украси со пуштена коса со искршени локни и пристоен накит.
Имено, ќерката на легендарната спортистка, Драгана Гајиќ, како и една од најдобрите пријателки на Милица, актерката Драгана Микаловиќ, беа меѓу првите што се појавија на прославата.
Како ви се допаѓа изданието на Милица?