Мирка го оставила султанот за да се омажи за Федерер: Ја раскинала веридбата, а сега господари со животот на големиот тенинсер

Мирка Федерер, сопругата на познатиот швајцарски тенисер Роџер Федерер, важи за многу влијателна жена, како во Швајцарија, така и во светот.
Иако е во центарот на јавноста, не се знае многу за животот на Мирка, освен што таа играше и тенис и имаше возбудлив љубовен живот пред да го запознае Федерер. А, познато е и дека во нивниот брак таа се прашува за се, па не е чудно што во 2021 година му забранила на Роџер да игра на Отвореното првенство на Австралија, иако не е повреден!?
Мирка, или Мирослава Вавринцова, е родена во 1978 година во тогашна Чехословачка, а од Словачка се преселила во Швајцарија кога имала само две години. За време на тинејџерските години ја запознала Мартина Навратилова и на нејзино охрабрување почнала да игра тенис.
Но, во тенисот немаше позначајни резултати, а највисокиот пласман што го имаше, што воедно беше и врв во кариерата, го имаше во 2001 година, кога беше на 76. место меѓу најдобрите светски играчи.
Мирка до 2002 година беше професионална тенисерка, а потоа го напушти тенисот поради повреда на стапалото.
Интересна љубовна приказна ги следи Мирка и Роџер. Интересно е што Мирка е четири години постара од Роџер, а парот се запознал во 2000 година на Олимписките игри во Сиднеј.
Тие се впуштиле во романса, иако Роџер во тоа време не знаел дека Мирка во тој момент всушност била свршена со богат арапски султан. Кога сфатила дека е заљубена во Роџер, Мирка ја раскинала свршувачката.
„Роџер ми беше најголема утеха во тие осум месеци опоравување од повредата. Ми го врати тенискиот живот. Кога победуваше, како да победував“, изјави еднаш Мирка.
Нивната прва средба беше потпомогната од швајцарски олимпијци кои рекоа дека сите знаеле дека на Роџер му се допаѓа Мирка и за да им помогнат подобро да се запознаат, ги затвориле заедно во соба. Мирка на почетокот не го сакала Федерер, а во интервјуто кое го даде за Гардијан во 2016 година изјави дека Мирка мислела дека е премногу млад за неа.
„Толку си млад“, рекла таа кога тој ја бакнал за прв пат, а тој и одговори дека има осумнаесет и пол години. Коментарот на Мирка на тоа бил: „Во ред, ти си бебе“.
Девет години по средбата, во 2009 година, парот се венчаше и денес имаат четири деца, близнаците Мила и Шарлин и близнаците Лео и Лени.
Додека е во чекор со сопругот на турнирите, Мирка е речиси постојано на мета на папараците и новинарите. Дури и јавноста ја критикуваше за нејзиниот изглед, а се шпекулираше дека качила некој килограм плус. Сепак, таа успеа да ослабе и така застана на патот на сите негативни коментари.
Роџер се грижи неговата сопруга секогаш да биде задоволна, а минатата година изјави дека е подготвен да се откаже од се:
-Кога Мирка ќе се измори од патување, тогаш ќе престанам - рече тогаш.
На социјалните мрежи може да се најдат само неколку фотографии од венчавката, а Мирка на свеченоста облекла едноставна бела венчаница со дискретен сребрен појас, додека тенисерот носел црн костум и бела кошула.
Се памети и дека имало конфликт со Стен Вавринка поради Мирка. Поради тоа можела да настрада и швајцарската репрезентација.
Роџер и Стен успеаја да ги надминат проблемите и да ја освојат победата во Дејвис купот, но работата можела да ескалира кога Мирка му дофрлувала на Вавринка во меч, нешто порано. Мастерсот се играше во Лондон, а ривали во полуфиналето беа соиграчите од Дејвис куп селекцијата.
Мирка го нарече Стен плачко, по што следеше поблаг вербален конфликт. Федерер победи и потоа му го предаде финалето на Новак Ѓоковиќ.
Сепак, по Лондон, проблем остана и за швајцарскиот селектор Северин Лути, кој успеал да го реши.
„Пред финалето на Дејвис купот имаше тензија меѓу нив. Сепак, пред решавачкиот натпревар, додека бевме во возот за Лил, Стен се насмевна. Сите се правевме дека нема проблеми за да ја оствариме нашата цел и да победиме. Одлично се надополнуваа“, рече Лути.
Покрај тоа, многумина беа против врската помеѓу Мирка и Роџер.
-Нѐ праша дали треба да почне да се гледа со Мирка“, откри за порталот „Тениснет“ поранешниот тренер на Федерер, Свен Груневелд, пишува Блиц.
Добил одговор што би го добиле повеќето млади мажи на негова возраст.
„Му рековме дека сме против тоа бидејќи е млад и требаше да ужива во својата слобода. Гледано од сегашна гледна точка, тој сепак ја донесе вистинската одлука, се разбира. Згора на се, Роџер научи да ги контролира своите емоции со Мирка“, додаде Груневелд, кој беше со Федерер од 2000 до 2003 година.