Животна училница // Приказни
Мистерија долга 39 години: Манијак свирепо уби девојче (5), па го остави телото на прагот од куќата — полицијата нуди награда!

Поминаа 39 години од бруталното убиство на петгодишната Зејнеп од Турција во германскиот град Хаген, а никој сè уште не одговарал за овој монструозен чин.
Германската полиција деновиве повторно го отвори случајот со цел конечно да го пронајде убиецот.
На 14 ноември 1986 година, непознат маж со швајцарски нож ја избол малата Зејнеп во вратот и нејзиното полуголо тело го оставил закачено на ограда – на само чекор од куќата на нејзините родители.
Девојчето исчезнало додека сите спиеле. Бидејќи немало вресоци, истражителите веруваат дека го познавала убиецот. Утрото, семејството и полицијата го пронашле нејзиното тело.
Во кантата за ѓубре биле оставени ножот и ракавици, а една нејзина чорапа исчезнала. Според истражителите, убиството било сексуално мотивирано, иако детето не било силувано.
Современата технологија сега повторно ги анализира старите докази со надеж дека ќе се пронајдат биолошки траги на убиецот. Полицијата апелира и до сведоци кои можеби нешто знаат за настанот. За корисни информации се нуди награда од 5.000 евра.
Извор / Фото: Polizei Hagen