МНОГУ СМЕ ДАЛЕКУ ОД ЕВРОПА: Младите во Македонија тешко се осамостојуваат

Младите во земјава многу тешко се осамостојуваат и доцна го напуштаат домот на родителите, затоа што или немаат работа, или земаат мали плати, велат граѓаните кои ги анкетиравме. Но, дека состојбата е таква покажуваат и податоците на Евростат, според кои Македонците во домот на родителите живеат до 32 години, додека во европските земји лани просекот бил 26.5 години.
Граѓаните не се оптимисти дека нешто ќе се смени на подобро. Велат дека младите или заминуваат во странство или доколку се во свое живеалиште, повторно имаат потреба од поддршката од родителите. Според нив, мал е бројот на оние кои се целосно самостојни и независни.
„На ова време не верувам дека младите можат тоа да го направат без поддршка на старите. Тешко, многу тешко, и многу време ќе помине додека да ја стигнеме Европа. Не верувам дека младите ќе останат во својот роден крај, затоа што секој бара подобро“, вели Томислав Митревски, граѓанин.