Многудетните семејства се најсиромашни во државата - како преживуваат со минимални или без приходи?

Добивај вести на Viber

Дека многудетните семејства се најсиромашни во државата деновиве објави и Државниот завод за статистика.

Бројни се ваквите семејства кои живеат само со една плата или без приходи. За нив да се преживее од 1- ви  до 1-ви идниот месец е вистински предизвик. Некои од нив имаат помош од роднините, но дел се лишени од каква било помош.

„Имам 8 деца, а вкупно сме 10 члена во семејството. Живеме со приходи од 8.500 денари месечно, плус детски додаток. Се занимаваме со земјоделско, си произведуваме храна колку за нас. Имам помош од црквата Свети Спас, од отец Оливер, инаку од државата нема помош. Не да е тешко, туку е претешко. Ако некој може да го живее мојот живот, не рака, срце би му дал“, вели Велче Цветаноски од селото Црешнево, Општина Македонски Брод.

Радица Зафирова од Скопје која е мајка на 5 деца, објаснува дека е тешко да се опстане без работа, особено денес во време кога потребите се големи.

Целиот текст за многудетните семејства и нивната секојдневна борба, прочитајте го на Фактор.мк