Моите деца не разбираат дека во животот сакав само едно: Исповед на револтирана баба!

Добивај вести на Viber

Ја знаете онаа изрека: „Мали деца, мала грижа. Големи деца, голема грижа!“. Можам да ви кажам дека тоа е една голема измама. Во мојата ситуација оваа изрека звучи вака: „Децата се голема грижа!“.

Да се разбереме, ги сакам! Секое од трите што ги имам сакав да ги родам. Им се радував. Ги подигав од кило месо. Заедно ги преживевавме сите периоди, од грчеви до навикнување на нокшир, возење велосипед на две тркала, болести во градинка, првите домашни задачи, првите љубови..

Сега имам 55 години и конечно стигнав до заслужената слобода.

Најстариот син дипломира на време, најде работа и веднаш се ожени. Ако ме прашувате мене - прерано! Но, тоа си е негова работа. Не можам и за тоа да се грижам. Една година подоцна станав баба. Синот секој ден доаѓа кај мене во придружба на детето.

„Мамо, чувај го внукот за викенд. Ние сакаме да патуваме. Млади сме!“.

Очекувано, јас тоа треба и да го разбирам. Ама и јас бев млада мајка со три деца кои самата ги чував. Можеби и јас сакам да патувам? Можеби и јас сакам половина час да седам и на раат да си го испијам кафето (додека се’ уште е топло)?! Можеби сакам да отидам на јога, да се позанимавам со моето здравје.. Зошто би чувала внуци?

Но, што да правам. Молчам и ги чувам.  

Пред некој ден ми дојде и средниот син, целиот среќен да ми соопшти вест. „Мамо, Луна (неговата девојка) е бремена! Наскоро нема повеќе да ти биде досадно - ќе добиеш уште едно внуче!“

Аман, кој ви кажа дека ми е досадно? Со мене се’ е во најдобар ред. Се’ што сакав во животот е барем половина саат за себе, на раат да го испијам кафето.

И сега повторно го изгубив тоа право. Зошто?

Сега очекувам да ми дојде и ќерката со приказна дека веќе се породила и дека отсега постојано јас ќе се грижам и за него..

Размислувам на кој начин да им кажам дека секоја баба сака само една работа - да не биде баш секој ден со децата и со внуците. На раат да испие едно убаво, домаќинско свежо мелено кафе, онака за да не полуди!