Молба на баба од Загреб допре до сите: Може ли некој да ми подари букет?

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата што ги спречува повеќето луѓе да одат на пазар по свежа храна и намирници, група на Фејсбук Virtualni Zagrebački plac нуди испорака на брашно, млеко, овошје, зеленчук, риба, месо, цвеќиња ... Меѓу многуте огласи се истакнува особено еден, кој ги разнежни сите во групата.

„Поздрав, бидејќи утре е мојот 70-ти роденден, може ли некој да ми достави букет цвеќиња што ќе си ги подарам сама на себе затоа што моите најблиски се многу далеку“, напиша баба од Загреб.


Објавата собра над илјада лајкови и членовите се ангажираа да и донесат цвеќе на роденденот. Во стотици коментари, луѓето и честитаа за нејзиниот роденден.

Дамата, подоцна напиша друг статус во кој им се заблагодари на сите за нивните честитки.

"Благодарам на прекрасните луѓе кои повеќе пати ми честитаа за мојот роденден! Благодарам на прекрасните луѓе кои ми ставија насмевка на моето лице и среќа во моето срце. Благодарам на прекрасните луѓе што сте таму. Ви благодарам повторно многу на сите од срце", напиша таа.


Фото: Фејсбук

Извор: Index.hr

(ВИДЕО) Баба (93) доби 150 лименки пиво: Откако сликата со „Ми треба уште пиво“ стана вирална