Може ли да се инфицирате со КОВИД-19 ако трчате на отворено?

Добивај вести на Viber

Како да се заштитите


Постојат спротивставени совети во врска со трчање на отворено за време на пандемија и вонредна состојба. Важно е да ги следиме правилата на изолација и да останеме дома и да излегуваме на отворено само ако треба да купиме храна или лекови. Сепак, подеднакво е важно да продолжиме да ја одржуваме нашата фигура и активност преку вежби.

Специјалистите советуваат да вежбате дома, но некои граѓани својата физичка активност ја обавуваат преку трчање, што велат медицинските лица за трчањето и дали можете да се инфицирате со коронавирус додека трчате.

Првично, медицинските професионалци ширум светот се согласија дека главниот начин за пренесување на инфекцијата е преку контакт од личност до личност или преку контакт со загадени површини. Во текот на новите студии на случаи, се покажа дека коронавирусот се пренесува и со воздушна капка. Поради ова, пациентите треба да носат маска, како и луѓето што ги негуваат. Носењето заштитна маска на јавни места е исто така задолжителна во скоро сите земји.

Сепак, носењето маска за време на џогирање може да биде вистински предизвик затоа што го отежнува дишењето со интензивно трчање и зголемено отчукување на срцето.

Можете ли да добиете коронавирус ако трчате на отворено?

Не е невозможно. Може да станете заразени со вирусна инфекција при џогирање, бидејќи вирусните честички се шират во воздухот.

Иако шансата за инфекција е минимална, не е целосно исклучена. Сето тоа зависи од тоа дали заразено лице поминало на истото место пред вас и дали кашлал или кивнал. Во такви реакции, телото лачи многу повеќе вирусни честички отколку што прави при дишењето.

Кога трчате во парк, шансите да се оддалечите со некој не се ниски. Ова исто така носи ризик од инфекција. Сепак, ризикот е значително помал отколку да останете со болно лице во просторија 15 минути, вели професорot Пол Грифин, директор на одделот за инфективни заболувања
Mater Hospitals infectious diseases department според сајтот bodyandsoul.com.au

Како да го намалите ризикот од инфекција со коронавирус ако трчате на отворено?

- Трчајте сами без друштво.
- Обидете се да трчате на потребното растојание за да не одите близу до други луѓе.
- Држете се во околината околу вашиот дом. Не одете далеку од домот.
- Избегнувајте допирање на предмети и опрема додека џогирате. Ако го сторите тоа, не допирајте го лицето, вклучително и додека ја бришете потта.


„Недосадни игри“ за деца и вежби за фит-тело: Педагогот и инструктор Марина со совети за домашната изолација