Мудрости од Тибет: Ќе ви покажат што е среќа

Мудростите од Тибет се базираат на тоа среќата да ја бараме во себе и потоа да ја поделиме со другите. На крајот, целта е да имате среќен и исполнет живот. Во продолжение прочитајте некои од овие прекрасни животни лекции.
* Зборувај полека, размислувај брзо.
* Не му суди на човекот според неговото семејство и потеклото.
* Кога велиш „Те сакам“, зборовите изговори ги со цело срце, никогаш по навика.
* Не верувајте во се’ што ќе слушнете, не расипувајте се’ што имате, спијте како утрото да не постои.
* Не дозволувајте мала кавга да расипе големо пријателство.
* Никогаш не ги исмевајте туѓите соништа и не ги спречувајте другите да ги следат.
* Понекогаш тишината е најдобриот одговор.
* Морате да бидете отворени за промени, но не и по цена да се откажете од сопствените вредности.
* Читајте повеќе книги, но читајте и повеќе луѓе и тоа „меѓу редови“
* Кога ќе изгубите нешто, обидете се да ја научите лекцијата.
* Почитувајте ги старите луѓе, тие веќе го поминале она што ве чека.
* Чувајте ја земјата! Таа ни дава се’ што ни треба.
* Верувајте им на луѓето, но секогаш нека ви биде заклучена влезната врата.
* Не им верувајте на оние кои се бакнуваат со отворени очи.
* Запомнете: Сите лекции не можете никогаш да ги научите!