На 12 години, по инсистирање на маќеата, му била направена лоботомија: Докторот му туркал шило за мраз низ очните дупки и сè фотографирал — неговиот живот по тоа фасцинира

Добивај вести на Viber

Кога имал само 12 години, Хауард Дали бил подложен на лоботомија — една од илјадниците што ги извршил озлогласениот американски лекар д-р Волтер Фриман во 1940-тите и 1950-тите години.

 Оваа операција — денес сметана за една од најбруталните во историјата на медицината — му го променила животот засекогаш.

Дали пораснал како обично момче кое сака да вози велосипед и да игра шах. По смртта на мајка му, живеел со татко му и маќеа Лу, која го сметала за „непослушен“ и барала помош од психијатри. 

Така дошле до д-р Фриман, кој го дијагностицирал како шизофреничар и без медицинска потреба предложил операција.

На 16 декември 1960 година, без негова согласност, му била направена трансорбитална лоботомија — инструмент му бил прободен преку очната дупка за да се пресечат нервните врски во мозокот. 

Дали бил најмладиот пациент на Фриман. Следниот ден се разбудил со отечени очи, треска и болка — не знаел што му се случило.

Лоботомијата првично била развиена во Португалија, а Фриман ја донел во САД, користејќи обичен шило за мраз. Интервенцијата траела околу 10 минути и често се изведувала без хируршка стерилизација. До крајот на кариерата, Фриман извршил над 3.400 вакви операции, а многу пациенти останале доживотно инвалидизирани или во вегетативна состојба.

Дали чудесно се опоравил и живеел нормален живот, работел и имал семејство. Децении молчел за она што му се случило, сè до 2003 година, кога преку документарец првпат јавно ја раскажал својата приказна.

Д-р Волтер Фриман, некогаш славен, а подоцна отфрлен од медицинскиот естаблишмент, останал контроверзна фигура — пионер за некои, човек кој уништил животи за други. Животот на Хауард Дали засекогаш останал обележан од операција што никогаш не требало да се случи.