На аеродром ќе се оди 4 часа пред летот: Како ќе изгледаaт летовите во иднина

Добивај вести на Viber

фото: Profimedia

Животот по пандемијата тешко дека повторно ќе биде ист - ова беше прикажано во новите правила што ќе ги воведат авиокомпаниите, а еве како ќе изгледаат летовите во иднина.

Компаниите, како што пишуваат медиумите, ќе воведат правило дека патниците мора да се појават на аеродромот четири часа пред летот, со цел да ги поминат сите потребни здравствени прегледи, сите со задолжително растојание од два метри.

Според медиумите, ова понатаму ќе влијае и на цената на авионските билети, кои ќе станат поскапи, а целокупното искуство на летот ќе биде многу понепријатно. Ваквата состојба би можела да трае наредните пет години, пишува „Тајмс“.

Ендру Чарлтон, директор и консултант во име на Aviation Advocacy, го вели следново:

- Дури и ако вечерва почнеме да ги вакцинираме луѓето, ќе ни требаат најмалку две години да се вратиме на работењето што беше пред пандемијата. Значи, проценката е дека оваа состојба ќе трае пет години.

Тој исто така опишува како ќе изгледаат летовите во иднина:

- Ќе има помалку авиони на располагање, помалку достапни седишта, цените ќе скокаат и сè на сè, тоа ќе биде многу непријатно искуство. Покрај сето тоа, ќе се носи заштитна опрема и ќе се одржува физичко растојание по секоја цена - објаснува тој.

Претходно, easyJet најави план дека ќе се задржуват сите места на средина празни, почнувајќи од моментот кога ќе продолжи воздушниот сообраќај.

Задолжителната мерка на оддалеченост од 2 метри помеѓу патниците би можела да значи дека скоро 80 ​​проценти од седиштата во авионот ќе бидат празни. Затоа, за да се исплати, превозниците ќе треба да ги зголемат цените.

Во светски рамки, авиокомпаниите ја отпуштаат работната сила поради намалувањето на потребата од работни места - „Бритиш ервејс“ откри дека планираат отпуштање на 12.000 работници, една четвртина од нивната вкупна работна сила.

Wizz Air е првата комерцијална авиокомпанија во Велика Британија што започна со работа. Тие транспортираат до 15 дестинации, како што се Будимпешта, Лисабон и Тенерифе, и велат дека носењето заштитна опрема е задолжително, како и сите други правила.

И Луфтханза започна со работа, исто така со задолжителна заштитна опрема и други мерки на претпазливост, меѓутоа, никој не е сеуште сигурен дали ќе има летни одмори и како ќе изгледаат.


извор: zena.blic