На денот на неговата венчавка Селена Гомез ја однесоа во лудница: Со пари не можеше да купи среќа, а сега друг ја води до олтарот

Селена Гомез ги шокираше обожавателите во средата навечер
откривајќи дека се свршила со своето момче Бени Бланко по нешто повеќе од една
година врска.
Пејачката ја откри веста на Инстаграм, споделувајќи ги првите фотографии од нејзиниот огромен дијамантски веренички прстен со нејзините 422 милиони следбеници.
„Засекогаш започнува сега..“, напиша пејачката.
Гомез се забавува со Бланко од јуни 2023 година, иако таа ја потврди врската дури во декември истата година. Се чини дека Селена конечно ја најде среќата по маките во животот.
Многумина се уште ја паметат нејзината љубовна врска со познатиот музичар Џастин Бибер, а крајот на нивната љубов беше кобен за пејачката. Имено, само неколку дена по нивното раскинување, тој се ожени со друга, додека таа заврши на психијатрија.
Двојката беше во долгогодишна врска, по што следеа разни проблеми и неуспеси, па дури и раскинувања. Раскинувањата секогаш резултираа со помирувања, поради фактот што се движат во исти кругови, и што постојано се среќаваа.
Поради целата ситуација, оваа врска се сметаше за токсична. Конечната разделба се случи во 2018 година, по што пејачката почна да се соочува со депресија. Таа призна дека имала дури и самоубиствени мисли.
Бибер призна дека е егоист, и дека не се однесува добро со пејачката. Парот неуспешно се обиде да ја обнови својата врска неколку месеци по раскинувањето. Бибер набрзо стапи во врска со Хејли и се ожени со неа.
Оваа вест длабоко ја погоди Селена, па доживеа нервен слом, по што заврши во психијатриска болница во Лос Анџелес.
- Имав многу проблеми со депресија и анксиозност и не кријам. Сепак, мислам дека никогаш нема да можам целосно да ги надминам тие работи. Нема да има ден кога ќе помислам „Еј, еве ме во убав фустан, победив“. Мислам дека оваа битка ќе ја водам до крајот на животот, но тоа не ми пречи, бидејќи знам дека секогаш ќе се ставам себеси на прво место – признала Селена.
Исто така, Селена имаше и многу други здравствени проблеми, додека се чини дека црните денови сега се далеку зад неа.
Фото: ИнстаграмИзвор: Stil.kurir.rs