На прагот на седмата деценија, Џорџ Клуни ќе стане повторно татко: Амал Клуни е бремена
Џорџ Клуни (60) и Амал Клуни наводно повторно ќе станат родители, а според странски извор изгледа Амел повторно носи близнаци, пренесува „ОК!“.
„Амал е бремена веќе три месеци, но нејзиниот стомак веќе почна да се покажува, така што сите ќе ја дознаат оваа вест наскоро“, рекол изворот за новинарите.
Славниот пар има четиригодишни близнаци, а според медиумот, Џорџ и Амал наводно им ја откриле добрата вест на своите пријатели, а близнаците биле воодушевени што бебе пристигнува.
Веста ја пренесоа сите светски медиуми, а потврда или демант се' уште нема.
Да потсетиме, Џорџ и Амал се венчаа во 2014 година во Венеција. Три години подоцна тие станаа родители на близнаци.
Минатата недела имотот на славната двојка во Италија беше опустошен од поплавите, па штетата на нивниот замок вреден 12 милиони фунти е голема.
Според списанието „ОК“, среќната вест им била соопштена на пријателите на славната двојка на прославата по повод 4 јули, а како што вели неименуван извор, „звучеше како повторно да чекаат близнаци“.
извор:kurir.rs
Џорџ Клуни, маж од соништата: Пере, готви, чисти, но жена му ќе го убие ако стори едно нешто