На Сара од усните почна да ѝ тече филерот бидејќи претерала, oва ќе ве шокира

Сара Џејн Синклер (28) е мајка од Харлоу, Есекс, која ги шокираше корисниците на социјалните мрежи откако покажа што може да се случи кога ќе претера со филери за усни.
Некогаш изгледаше сосема природно, но пред шест години целосно се промени - тетоважите, лажниот тен, долгите нокти и редовните инјекции на филери и ботокс направија да изгледа сосема поинаку денес. Поради нејзиниот изглед, на социјалните мрежи дури ја нарекоа „Паундленд верзија на Кети Прајс“.
Редовен ботокс и усни полни со филери
Сара Џејн, самопрогласена зависничка од тетоважи, редовно оди на третмани. Таа прима ботокс на секои неколку месеци, додека нејзините усни се полнат со филери на секои два до три месеци - со дури 2 ml по третман.
Сепак, иако го сака својот „подобрен“ изглед, неодамна остана без зборови кога забележа дека нешто и тече од огромните усни - филери.
Шокантно видео на TikTok: „Го гледаш ли ова? Ми капе од усните!“
На социјалните мрежи, каде што се претставува како „Essex Ink“, таа сподели видео во кое ја стиска горната усна - и од неа почнува да истекува чиста течност.
„Усните ми течат од филерот“, напиша таа. „Забележав некои грутки, па ги притиснав. Ова е резултатот.“
На видеото може да се види како таа со неверување гледа што се случува, а потоа извикува: „Го гледаш ли ова? Тоа ми тече филер од устата! Што по ѓаволите се случува?! Во шок сум“.
Експертите предупредуваат дека такви ситуации може да се случат кога ќе се надмине количината на филер или кога се користи непроверен производ.
Се препорачува да се користи само докажана марка на дермални филери, внимателно да се следат упатствата за нега по третманот и процедурите да се вршат само од професионалци со лиценца и добра репутација.
Објавата на TikTok под корисничкото име @essexxink брзо стана вирална - во рок од 11 часа беше прегледана дури 695.400 пати, собирајќи над 11.400 допаѓања и 845 коментари.
Реакциите на корисниците беа поделени - додека едни беа загрижени за последиците што ги доживеа Сара, други ја критикуваа за, како што велат, „претерување со се“.
@essexxink #lipfiller #essexink #fyp #biglips Prettier - JAY1
FOTO: Printscreen