Нa шега направивме ДНК тест, а дознавме дека сопругот не е татко на еден од нашите синови: Му објаснив дека не сум го изневерила – еве што се случи

Добивај вести на Viber

Мислевме дека само ќе се забавуваме и ќе се смееме, а откривме неочекувана вистина за нашето семејство

Кога Дона и Венус Џонсон од Јута купија домашен ДНК тест, тие велат дека само сакале да се забавуваат и да го проучат нивното семејно стебло. Меѓутоа, кога пристигнале резултатите од тестот, тие откриле дека нивниот 12-годишен син не е биолошки син на Ванер. Тоа донесе многу недоверба и расправии, а во центарот на оваа приказна не е измамата, туку нешто сосема друго.

Имено, момчето било зачнато со ин витро оплодување и се покажало дека настанала конфузија, па јајцата на Дона биле оплодени со погрешна сперма.

- Нашиот живот се преврте по тоа знаење - велат тие за локалните медиуми.

- Кога стигнаа резултатите и кога името на нивната мајка беше напишано под името на нашиот син, додека во грсафата за татко беше напишано „непознат татко“, јас бев шокиран. Па, јас сум неговиот татко! Во меѓувреме ја научивме вистината и, се разбира, ништо не се промени во нашата врска. Тој се‘ уште е мојот син и го сакам исто како и пред тоа знаење. Сепак, моравме да откриеме како настанала таквата конфузија. Клиниката ја призна својата грешка - вели Ванер.

Тие не му ја кажаа веста на својот син долго време, бидејќи им требаше време да го процесираат она што се случи. По околу една година, тие започнаа да го бараат биолошкиот татко на момчето - се покажа дека тој дошол на клиника истиот ден со нив. Се слушнаа по телефон, а потоа се сретнаа во живо.

Сега заедно поднесуваат тужба против клиниката.

- Ова е страшна негрижа и тие мора да бидат казнети за тоа - вели Ванер.


Фото: Facebook

ДНК тест покажа дека не сме биолошки родители на нашето дете: Олга и Иван го добија Денис со голема борба, подоцна ја дознаа шокантната вистина