Најдобрите модни парчиња на македонски дизајнери кои ја одбележаа 2022 година: Уникатност и прецизна идеја

За македонската мода имаме многу да зборуваме, но нема да собере сѐ во малку редови. Вредно е да се напомене дека сепак ја имаме во некава зачаурена форма и во рамките на можностите (сиромашна земја, сиромашна мода- чест на исклучоци) но ни од далеку не можеме да зборуваме за континуитет, врвна изработка, уникатна идеја и реализација.
Имавме одредени изблици и наплив на креативност, но недоволно за Македонија да ја има на светската, европаската и балканската сцена. Сепак, одредени личности кои ги носеа креациите на наши дизајнери низ светот оставија некаков белег. А, одредени личности овде со облека од мк. креатори, создадоа своевиден тренд. Поединечни парчиња од колекциите или пак специјаните изработки за одреден настан, настап или пак официјална средба навистина допреа до многумина, беа инспирација и оставија трага. Па, да видиме кои се дизајнерските парчиња носени во 2022 година за кои велиме БРАВО:
Топ моделот Катарина Ивановска на фотосесија од колекцијата на дизајнерот Игор Марков носеше светкаво сако во диско фазон. Креацијата набрзо стана многу барана, па истата ја искористи и поп дивата Каролина Гочева во нејзиниот најнов спот за песната „Од небо, до дно“.
Каролина исто така брилираше со креација на дизајнерката Јована Филиповиќ. Се работи за црн долг припиен фустан со впечатливо сечење во половина кое создава моќен запазувачки ефект.
Тамара Тодевска последниве години изгледа беспрекорно, но и бира како ќе се облече. Покрај неколкуте нејзини топ изданија оваа година, се издвои токму оваа креација, повторно на дизанерот Игор Марков. Мало ремек- дело.
Фто. Инстаграм