„Најголем грев е да не дозволиш тој што е подобар да биде лидер“: Монахот Арсеније открива што е најголем грев на денешницата

Добивај вести на Viber

Монахот Арсениј предупредува дека семејното проклетство не е мит, туку духовна реалност која може да се пренесува низ генерации. 

Според неговите зборови, ако некој од предците сторил зло, Божјата благодат се повлекува од тоа семејство, а демонските сили добиваат пристап до потомството.

Знаци на семејно проклетство

Децата кои се раѓаат во такви семејства, според сведоштвото на Арсениј, често покажуваат непослушност, намуртеност и склоност кон проблематично однесување.

Демонските влијанија, вели тој, најчесто се насочуваат кон најталентираните и најранливите, за да ги оддалечат од нивниот вистински пат и да го спречат нивниот развој.

Смирението како духовен лек

Клучната поука, според монахот, е смирението. Тој потсетува дека суштината на христијанскиот живот не е во големи подвизи и постови, туку во признанието на сопствената слабост. „Оној што се смирува, го носи Христос во себе“, вели Арсениј, нагласувајќи дека прифаќањето на сопствените ограничувања претставува вистинско духовно издигнување.

Лажната слика и загубата на искреноста

Современиот начин на живот, каде луѓето преку социјалните мрежи прикажуваат идеализирани верзии на себе, според него, отвора врата за измамите на лукавиот. Наместо искреност и едноставност, се создава култ кон совршената маска.

Завист и духовна неслога

Говорејќи за нашиот менталитет, Арсениј предупредува дека луѓето често не им дозволуваат на подобрите да бидат водачи. Наместо да се обединат, тие влегуваат во меѓусебни борби, што дополнително го ослабува духовното единство.

Слободата и одговорноста пред Бога

На крајот, монахот потсетува дека Бог секогаш му остава на човекот слободна волја, но таа слобода бара и одговорност. „Незнаењето е голем грев“, вели Арсениј, додавајќи дека учењето, смирението и љубовта кон ближните се патот за ослободување од семејното проклетство.

Автор: Далибор Станков 

Извор 

Фото извор: Printscreen YouTube/Sputnjik Srbija