Најкратката и најслатката приказна за МАМА

Добивај вести на Viber

Татјана Трајковиќ, мајка на три девојчиња, на „Фејсбук“ сподели кратка приказна од секојдневниот живот со која всушност на најискрен и најубав начин ја опиша таа нераскинлива и посебна врска помеѓу мајката и детето. Нејзините зборови комплетно не’ разнежнија и насмеаја, па одлучивме да ги споделиме со вас. Приказната на Тања е приказна за сите мајки.

„Пред некој ден на Марта ја заболе стомак. Ме прашува мајка ми што ѝ е, ѝ велам дека кога по цели денови оди боса, нормално дека ќе ја боли.

Вчера ѝ се жалам на мајка ми дека ме боли глава. Ми вика, нормално е да те боли, одиш без капа на овој ветер, џабе ти зборувам..

Сабајлево ми се јави мајка ми, едвај зборува, ме моли да отидам да ѝ купам леб. Одам кај неа, таму седи баба ми и нешто мрмори: Оди во онаа тенка јакна, ѝ велам да се облече, но не сака да слуша!“

Слушајте ги своите мајки!