НАЈЛОШАТА КАТАСТОРФА ВО ПОРТУГАЛИЈА: расте бројот на жртви во Лисабон - 17 лица загинаа

Добивај вести на Viber

Бројот на жртви од несреќата на познатиот трамвај во Лисабон, популарен кај туристите, се искачи на 17 во четврток откако двајца од 23-те повредени лица починаа, изјави службеник за итни случаи.

Сите загинати се возрасни, изјави Маргарида Кастро Мартинс, раководителка на Агенцијата за цивилна заштита на Лисабон, на прес-конференција. Таа не ги откри нивните имиња или националности, велејќи дека семејствата прво ќе бидат известени.

Таа додаде дека уште 21 лице е повредено во несреќата во среда. Меѓу повредените, покрај португалските државјани, има двајца Германци, двајца Шпанци, како и по еден граѓанин од Франција, Италија, Швајцарија, Канада, Мароко, Јужна Кореја и Зелено'ртските Острови.

Разновидноста на националностите покажува колку е привлечна оваа позната трамвајска станица меѓу туристите кои масовно ја посетуваат португалската престолнина во лето.

Португалија денес прогласи ден на национална жалост, по најлошата катастрофа во Лисабон во поновата историја.

Иако властите не објавија детали за идентитетот на загинатите, синдикатот на сообраќајните работници СИТРА објави дека кочникот на трамвајот, Андре Маркес, е меѓу загинатите.

Овој трамвај од 19 век е една од најголемите туристички атракции во Лисабон, а во ова време од годината обично е полн со туристи, кои го користат за кратко и живописно возење по еден од најстрмните ридови во градот.

Според официјалните лица, тимови патолози од Националниот институт за форензика, со засилување од три други португалски градови, работеа цела ноќ на обдукции.

Повредените беа лекувани во неколку болници во пошироката област на Лисабон.

Смачканите остатоци од трамвајот сè уште лежеа на улица во центарот на Лисабон во четврток, опкружени со полициска лента.


Детали на Фактор тука.

Фото: EPA/MIGUEL A. LOPES