Најнеобичните венчаници кои сте ги виделе: Холивудската актерка се омажи за Србин и промени три нетипични невестински фустани

Две години по граѓанската венчавка и раѓањето на нивниот син Вања, една од најпопуларните американски актерки повторно се омажи за Синиша Мачковиќ - директор на галерија, кој инаку, има српско потекло.
Актерката Клои Севињи, која се здоби со поширока популарност со улогите во сериите „Американска хорор приказна“ и „Руска кукла“, повторно му кажа „да“ на Синиша Мачковиќ!
Холивудската актерка и директорот на уметничка галерија се венчаа по втор пат, две години по граѓанската венчавка во Њујорк и раѓањето на нивниот син Вања, а фотографиите од венчавката ги преплавија модните портали.
Откако се омажи за прв пат облечена во црно, актерката сега реши да ја избере традиционалната бела боја, но на свој начин!
Клои и Синиша организираа романтична прослава во Дариен, приморскиот град во кој порасна актерката, а пред тоа се венчаа во зградата на локалната верска заедница Талмаџ Хил во овој град.
На свадбениот прием, на кој се собраа познатите личности и познатите пријатели и колеги на Клои, актерката се појави во фустан од брендот Loewe со потпис на дизајнерот Џонатан Андерсон. Станува збор за мини фустан во бела боја и со ракави како завеси, кој има квадратно деколте и асиметричен е, со тантела што се простира од едниот ракав.
За венчавката, Клои се пресоблече уште еднаш - овој пат во чипкаст комбинезон од модната куќа Mugler. Необичната креација е во боја на слонова коска, во најголем дел проѕирна, прилепена за телото и дефинитивно нетипична за невеста.
фото:profimedia/instagram