Најслатката фотка која ќе ја видите денес! Погледнете го летното играње на Марија Шерифовиќ и нејзиниот син

Пејачката Марија Шерифовиќ на крајот на 2023 година го роди синот Марио.
Таа доби наследник со помош на сурогат мајка, а малиот сега толку порасна што може да ужива на базен.
Пејачката била во вода, а нејзиниот наследник скокнал во базенот, додека таа го фаќала.
Оваа глетка предизвика ентузијазам, па коментарите само се редеа под фотографијата споделена на инстаграм профилот на Марија.
„Убав“, „Каква крофна“, „Марија, не пропуштај ни секунда од животот“, беа само некои од нив.
„Секој мој здив е посветен на мојот син“
Марија неодамна се огласи и го спомна својот син.
- По 430 дена намерно ја завршувам турнејата „Долази љубов“ во Америка. Таму се роди Мојата Љубов и оттогаш секој мој здив е посветен само на него. Чикаго, само да знаеш што те чека - напиша Марија на својот Инстаграм профил, потсетувајќи уште еднаш дека турнејата му ја посвети на синот Марија.