Најтешко е да се зборува со грутка во грлото, потажна емисија сум немал: Ване Маркоски по кобниот пожар во Тетово

Добивај вести на Viber

На најголемиот празник во историјата на Македонија, кога ја славиме независноста, датумот 8-ми Септември ќе го паметиме и по голема трагедија.

Вчерашниот 8-ми ќе остане да пече силно во градите на секој од нас. Датум кој зави во црно многу семејства а се поради кобниот пожар кој ја пеплоса и изгоре модуларната болница во Тетово.

Сѐ се случи многу брзо. Огнената стихија пламнала во 21 часот, а исходот од истата засега се потврдени 14 мртви. 

Немилиот настан трогна многумина. Само срце од камен може да остане рамнодушно на ваква трагедија.

Бројни личности, познати политичари, Тв лица, граѓани во шок изразуваат сочувства до семејствата на настраданите.

Еден од нив е и ТВ водителот Ване Маркоски на социјалните мрежи напиша дека ја имал најтешката и најтажна емисија во неговиот живот.

„Потешка и потажна емисија сум немал во мојот живот.

Најтешко е да се зборува со грутка во грло. Многу тешко.

Тешко е кога помеѓу сите вести што ни пристигнуваа утрово, ти сакаш да кажеш нешто, некоја мала утеха, а сфаќаш дека си беспомошен и едноставно нема збор со кој ќе ја ублажиш оваа колективна тага, оваа трагедија.

Сочуство до моите сограѓани, до моите тетовчани .

Во Тетово сите се познаваме едни со други.

Со оваа трагедија сите изгубивме по некој свој, некој што го познаваме, пријател, сосед, познаник, сограѓанин.

Многу тажно. Многу.“ - напиша Маркоски на Фејсбук.