Најубавата мисица на Југославија ја води најтешката битка во животот: „Сама си ја избричив главата“

Добивај вести на Viber

Лидија почувствувала силна болка во стомакот. По прегледот била препратена во болница каде била оперирана, а хистопатолошките наоди потврдиле рак

Лидија Маниќ, првата Југословенка која во 1975 година ја освои титулата Мис Интернационала, неодамна ја сподели својата животна приказна, расветлувајќи ја нејзината борба со тешката болест што ја следеше со години. Во интервју за српските медиуми, таа зборуваше за своето детство без татко, за освојувањето на титулата, но и за справувањето со ракот на јајниците - подмолна болест која често останува неоткриена додека не стигне во напредна фаза.

Рак на јајчник: Тивка закана со неспецифични симптоми

Ракот на јајниците е еден од најопасните малигни заболувања на женскиот репродуктивен систем. И покрај медицинскиот напредок, оваа болест често се открива доцна, бидејќи нејзините симптоми се неспецифични и лесно се припишуваат на помалку сериозни состојби. Во раните фази, симптомите може да вклучуваат надуеност, болки во долниот дел на стомакот, често мокрење, губење на апетит и замор. За жал, повеќе од 70% од случаите се дијагностицираат во третата или четвртата фаза на болеста, кога шансите за излекување се значително намалени.



Борбата на Лидија со болеста

За време на пандемијата во 2020 година, Лидија почувствувала силна болка во стомакот. По прегледот била препратена во болница каде била оперирана, а хистопатолошките наоди потврдиле рак. На клиниката за онкологија поминала низ 25 зрачења, по што состојбата привремено и се стабилизирала. Сепак, во 2023 година, болеста се вратила. Во тој период нејзината мајка веќе покажувала знаци на деменција, што уште повеќе ја отежнувало ситуацијата. На денот кога дознала за враќањето на болеста, нејзината мајка починала. Лидија опишала како чувствува дека нејзиното тело ја одбива новата хемотерапија, но одлучила да продолжи со лекувањето.

Важноста на редовните прегледи и раната дијагноза

Раното откривање на ракот на јајниците значително ги зголемува шансите за успешно лекување. Дијагностиката вклучува гинеколошки ултразвук, лабораториски анализи на туморски маркери (CA 125, HE4), како и дополнителни методи како КТ скен и биопсија. Третманот вклучува хирургија, хемотерапија и, во одредени случаи, терапија со зрачење.


Фото: Принтскрин