Наполни 86, ја нема со години: Како изгледа Софија Лорен денес?

Заносната Италијанка и оскаровка е препознатлива со децении како една од најубавите жени во историјата на филмот, а и денес е убавица, во деветтата деценија од животот.
Италијанската актерка Софија Лорен го прослави својот 86-ти роденден на 20 септември, но таа одбива да се пензионира од актерството!
Шармантната добитничка на Оскар, родена како Софија Вилани Шиколоне, се врати на глумата со улога во драмата „Животот напред“ во реализација на Едоардо Понти, за жена која го преживеа холокаустот и води престојувалиште во кое прифаќа дванаесетгодишник кој претходно ја ограби.
Ова е големо изненадување за обожавателите на Софија Лорен, која не ја гледаме често во јавноста, а последен пат сними нов филм во 2010 година, кога ја играше нејзината мајка Ромилда во ТВ-филмот за сопствениот живот „Мојата куќа е полна со огледала“.
Бидејќи веќе долго време немаме шанса да ја видиме една од последните диви на светскиот филм, многумина беа заинтересирани за тоа како изгледа Лорен во нејзините подоцнежни години.
Ако не' прашате нас - величествено!