Нашминкана и насмеана: Вака Меган Маркл се врати во Велика Британија по “Мегзит“! (ФОТО)
Среќата е единственото нешто што се гледа на лицето на Меган Маркл за време на службената посета на Велика Британија.

Меган Маркл изјави за британските медиуми „убаво е да се вратиш“ кога за прв пат се појави со својот сопруг на јавен настан синоќа, откако решија да го напуштат кралското семејство.
Принцот Хари носеше темносин костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Меган беше облечена во тиркизен комплет, креација на Викторија Бекам.

Околу 50 луѓе ги дочекале војводата и војвотката од Сасекс.

Сите очи беа на Меган, која немаше стапнато во Велика Британија после “Мегзит“.
Ова е прва официјална посета на славната двојка откако објавија дека го напуштаат кралското семејство. Од 31 март, оваа двојка веќе нема да има кралски должности.
Сите велат дека среќата е она што го видоа на лицата на војводата и војвотката од Сасекс.