Наташа Беквалац го прослави 42-от роденден: „Не е баш се така како што замислував“

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Наташа Беквалац денеска со семејството го прослави својот 42 роденден, а видеата од прославата стигнаа во јавноста.

Наташа Беквалац уживаше со ќерките Хана и Катја, како и со семејството на нејзината сестра Кристина и не ја симнуваше насмевката од лицето.

Таа ги дуваше свеќите на тортата, се снимаше како се гушка со најмладите, а во оваа прилика сподели неколку зборови на Инстаграм.

- Денес ми е роденден! Ви благодарам за прекрасните желби, ви благодарам за љубовта што ја чувствувам и живеам секој ден. Ќе се обидам да ви ги испеам најубавите песни и сè што правам го правам по патот на моето срце и моите соништа. Можеби се не е баш како што замислував и фантазирав, но секако се е баш како што треба. Ова е моето семејство. Беквалац ве сака – напиша таа на споменатата социјална мрежа.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)



фото: Инстаграм