Научниците предупредуваат дека животот во карантин може да биде опасен

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата на коронавирусот, луѓето ширум светот се принудени да работат од дома, а новата студија вели дека луѓето пијат повеќе и јадат нездрава храна

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги принуди луѓето ширум светот да работат од дома, а новото истражување вели дека луѓето пијат повеќе и јадат нездрава храна, пренесува Дејли Меил.

Студијата вклучи 500 работници кои се пожалиле на болка во мускулите, коските и лигаментите, како и нервната напнатост во зголемен процент, покажуваат податоците на Институтот за вработување во Велика Британија.

Повеќе од половина од овие луѓе пријавиле нова болка, особено во вратот, рамото и грбот.

Испитаниците исто така пријавиле помалку вежбање од вообичаеното, а една третина од нив признале дека јадат повеќе од вообичаеното.

Институтот изјави дека многу од испитаниците, исто така укажале на зголемено чувство на исцрпеност, но и несоница.

Институтот советува дека е важно во овој период да одржувате здрави навики, да имате редовни оброци што се подготвуваат од здрава храна, а за време на периоди кога не работите, наместо да легнете, одвојте барем половина час за вежби што им одговараат на вашето тело.

(ВИДЕО) Тијана од домашна изолација: Прво пијам вино па вежбам