Не бидете без грам култура: Работнички во супермаркети со фотографии од нередот што го оставаат купувачите

Добивај вести на Viber

Размислете малку и за другите

Работата во голем супермаркет не може да биде лесна! Армија клиенти кои само се менуваат, преполни редови на каси, сите имаат прашање нешто каде се наоѓа ... Продавачите се главните жртви во оваа приказна; тие мора да бидат што е можно попријатни и достапни, а сите знаеме дека има клиенти кои не се мед и млеко.

Некои од вработените во супермаркетите откриле анонимно што најмногу им пречи кај клиентите и какви видови однесување во продавницата не можат да простат. 

На прво место е бон тонот, односно поздрав при влегување во продавницата. Луѓето кои скоро никогаш не се поздравуваат многу веројатно автоматски ја нервираат продавачката.


Ним подеднакво им пречат и луѓе кои додека купуваат, застануваат на сред патека и гледаат наоколу или одлучуваат што да докупат. „Не постапувајте како да сте сами“, им порачуваат на потрошувачите во свои признанија на социјалната мрежа „Редит“.

Кога станува збор за бон тонот, продавачите не можат да ги поднесат купувачите кои им дозволуваат на децата да прават хаос меѓу полиците, да расфрлаат облека, да отвораат храна, да играат во одделот за играчки ...

Некој треба да го исчисти и среди сето тоа подоцна, исто како и оние работи што се предомисливте да ги купите - оставете ги таму каде што припаѓаат, а не на рафтовите пред касата, пренесува „Bored Panda“.


- Не правете го тоа, наместете сè како што беше, вратете го јорганот во својата паковка и каде што треба да биде – продолжуваат со своите признанија продавачите. - Кога користите колички или корпи, пред да ги оставите, проверете дали има ѓубре или храна внатре и земете го. Имајте на ум дека во спротивно вработените ќе мора да го сторат ова.

- Ако касиерката не може да го скенира производот веднаш затоа што има технички проблеми, не кажувајте нешто како: „Не работи? Тогаш, дајте ми го бесплатно!“, дури ни на шега.

Многу е веројатно касиерите да имаат слушнато таква шега безброј пати и не, не им е смешно. Во последно време, со појавата на вирусот ковид-19 и задолжителното носење заштитни маски, вработените велат дека одбивањето да се носат маските веднаш ги исфрла од кожа. Помислете на себе и на другите.


Фото: Твитер и Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Многудетните семејства се најсиромашни во државата - како преживуваат со минимални или без приходи?