Животна училница // Приказни
Не е Јелена Карлеуша: Која е жената за која Душко Тошиќ би направил сè?
Покрај Јелена Карлеуша и ќерките Атина и Ника, во срцето на Душко Тошиќ уште една жена има посебно место, а тоа е неговата сестра Катарина.
Катарина, за која јавноста знае многу малку, често е присутна во нивниот семеен дом, а со својата снаа Јелена Карлеуша има прекрасен однос. Семејството често оди заедно на одмори, каде уживаат во луксузните патувања, но и во добрата, заедничка забава.
Катарина има две деца и сопруг на кои е многу посветена. Бајковитата венчавка на сестрата на Душко Тошиќ ја организираше ни помалку ни повеќе, туку Јелена, која го посвети целото свое внимание, за овој ден да биде посебен за Катарина.
Она е прекрасна тетка на Атина и Ника, а многумина забележаа дека Ника многу потсетува на тетка ѝ.