Не го напуштила станот три недели, но добила коронавирус: Како е тоа можно?
Пациентката, која моментно е во домашна изолација,
зборува за своето искуство и живеење во карантин
Американката Рејчел Брумерт е позитивна за коронавирус
и покрај тоа што веќе три недели не го напуштила својот дом во Северна
Каролина, пренесува Дејли Меил.
Поради нејзината основна болест, автоимуно
нарушување, Рејчел ги презема сите мерки на претпазливост за време на
карантинот. Таа се држела настрана од другите и имала контакти само со нејзиниот
сопруг, кој спиел во посебна просторија, со фармацевтот и со жена која еднаш
само и донела намирници, открива Рејчел.
Но, и покрај овие мерки, несреќната жена минатата
недела започнала да забележува симптоми на болеста „Ковид-19“ и ѝ било потврдено
дека има коронавирус по основната медицинска историја и тест.
Иако немала никаков контакт со жената која и ги
доставила намирниците, Рејчел не носела ракавици кога од вратата ги донела
торбите со намирници во нејзиниот дом, па се посомневала дека од таму е
заразена.
- Навистина мислев дека правам сè како што треба.
Едвај имав контакт со жената која ми донесе храна, дури и не ја допрев.
Исплашена сум. Слушнав многу за респираторите и тие ми изгледаат застрашувачки.
Јас навистина се надевам дека ќе можам да закрепнам дома “, рече таа.
Првите симптоми и биле карактеристични за болеста Ковид-19
- треска, кашлица, губење мирис, замор, главоболка и отежнато дишење.
Покрај жената што и ги доставила намирниците,
Рејчел имала краток контакт и со фармацевтот кога последен пат излегла од дома
пред три недели. Исто така, открива дека прима пошта на неколку дена, но кога ја
зимала секогаш носи ракавици. Таа додава дека не нарачувала храна.
Таа се надева дека нејзината медицинска состојба
нема да ја влоши бидејќи се плаши од болница, особено поради нејзината основна
болест.
- Никогаш порано не сум имала вакво нешто. Имав
грип. Ова не е грип. Тоа е сосема различно чудовиште, заклучува таа.
48-годишен професор, Парк Хјон, имаше слично
искуство, напорно работеше на различни начини за да се грижи за здравјето и да
го зајакне неговиот имунитет.
Пет дена во неделата, тој одеше во теретана и
одржуваше лична хигиена, цело време ги миеше рацете и „користеше премногу“
средства за дезинфекција, но тоа не го спречи да се зарази со корнавирус.
- Мора да бидеме внимателни! Но, без паника и без
страв. Бев наивен да мислам дека избувнувањето на пандемија не е мојот проблем.
Да, како и обично, бев глупо уверен - напишал Парк на својата објава на Фејсбук
„за да им помогне на пријателите да се заштитат од смртоносен и лесно пренослив
вирус“.
Фото: Фејсбук