Не ми треба спална соба за да ја докажам женственоста: Зборови на Одри Хепберн кои секоја жена мора да ги знае напамет

Добивај вести на Viber

Речиси сите ја препознавате оваа дама од култниот филм „Појадок кај Тифани“.
Меѓу другото, легендарната Одри Хепберностава силен белег во модната индустрија, поради нејзиниот изглед и безвременски стил, кој стилистите и ден денес го копираат. Но нејзините м
удрости се исто така нешто што останало за сите времиња.
За нејзините искажани зборови се вели дека се зборови кои секоја жена треба да ги знае напамет.

Еве неколку од нив:

-Ако ви треба подадена рака, знајте: ја имате својата. Како што стареете, сфаќате дека имате две раце: едната да си помогнете себе си, а другата да им помагате на другите.

-За да ви бидат усните убави - кажувајте само убави зборови. За да ги задржите очите убави, барајте го само доброто кај луѓето. За витка линија - споделете ја храната со гладните. За да ви биде косата убава - оставете го вашето дете да си игра со неа секој ден. За да имате правилно држење на телото, замислете дека никогаш не одите сами.

-Убавината на жената не е во нејзиниот фустан, форма на тело или коса. Таа е во сјајот во нејзините очи. На крајот на краиштата, очите се вратата кон срцето, каде што живее љубовта.

-На луѓето им е потребно повеќе охрабрување, простување. Никогаш не одбивајте никого туку така.

-Сакам луѓе кои ме насмеваат. Навистина смеата е она што го сакам најмногу, таа лечи многу болести. Можеби е и најважната работа кај човекот.

-Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека најдобриот начин да согорите калории е да се смеете. Верувам дека утре ќе биде нов и подобар ден и верувам во чуда... Јас сум среќна жена.

-Сексуалноста е нешто што се крие во жената. Сексуалноста се подразбира, а не се покажува јавно. Не можам да се пофалам со облини како Софија Лорен, но сексуалноста не е само волуменот на телото. Не ми треба спална соба за да ја докажам женственоста. Може да бидам секси додека берам јаболка на дождлив ден!

извор:zenskikutak.rs