Не нè интересира никаква забава: Сопругот на Исидора Бјелица се огласи по повод забавата која ќе се организира во нејзина чест

Добивај вести на Viber

Кога Исидора Бјелица почина, пејачката Зорана Павиќ, која беше нејзина добра пријателка, објави дека писателката и напишала во една од нејзините последни пораки дека по нејзината смрт, сака да се организира забава каде сите ќе бидат облечени во бело.

„Пингви (прекар што Исидора и' го даде на Зорана), го добив извештајот, не делува повеќе... хемо... маркерот расте. Ќе пробам нешто друго, но, судејќи по се', нема фајде. Елем, не ти пишувам да ти лелекам затоа што во мојот случај тоа е ситуација која ми здосади и мене и на Бога и на луѓето, но сакав да те прашам нешто. Бидејќи не знам дали си го видела мојот виртуелен тестамент... Јас премногу ги сакам луѓето за да „малтретирам“ некому да оди на толку непријатно место како гробишта или, не дај Боже, да се гушат сите од досада - добро, бидејќи ти, подобро од сите мои пријатели го разбра мојот сензибилитет и чуден хумор , би те овластила за една работа - кога ќе одам во вечното почивалиште, да организирате одлична „забава за после живот (afterlife party)“ со многу добра музика и бел кодекс на облекување, затоа што јас сум Бјелица, а не Црница“, и' напишала покојната Исидора на Зорана, пред нејзината смрт.

Сопругот на покојната Исидора, Небојша Пајкиќ вели дека семејството нема да се спротивстави на тоа, но и дека нема да учествуваат во организацијата на споменатата прослава.

- Таа забава не нè интересира, Зорана ме повика вчера да се договориме за тоа, и' објаснив дека нема да дадеме никаква забрана, но и дека не е во наш интерес да го сториме тоа - рече Пајкиќ.

Да потсетиме, Исидора Бјелица почина на 5 август по долга борба со ракот.

-Целата тага ја собра во една фотографија: Пајкиќ се расплака пред сите, Лав ги бришеше солзите на поменот на Исидора Бјелица

извор:glossy.espreso.rs