Актуелно // Insta вести
„Не одете веќе во Македонија - таму апсат пејачи“: Во Кичево приведена позната пејачка, социјалните мрежи изгореа
Пејачката и поранешна победничка на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ, е приведена во Македонија во рамки на акциска контрола спроведена во Кичево.
Џејла Рамовиќ заедно со својот бенд била приведена откако полицијата утврдила дека настапувале без соодветна работна дозвола.
За време на засилената контрола во угостителските објекти долж магистралниот пат Кичево–Охрид, спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември, полициските службеници од ОВР Кичево и РЦГП Запад влегле во објектот во кој настапувала Рамовиќ.
„Во објектот биле затекнати пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Ѓ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. Според информациите од полицијата, групата работела без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци,“ соопштија од СВР Охрид.
Фото извор: Фактор / Инстаграм