„Не почувствував потреба да раѓам“: Посвои пет деца, а поради одлуката да нема свои чеда, ја осудија
Кога имала 25 години,
оваа жена посвоила 16-годишен тинејџер, а една година подоцна
уште две деца
Повеќето родители признаваат дека воспитувањето деца е тешко, но веројатно сепак мислат дека наградите за родителство се поважни од тешкотиите. Додека некои жени едвај чекаат да добијат дете, други тврдат дека нивниот мајчински инстинкт не „работел“.
Една од нив е Кејси Даглас, која призна дека никогаш не почувствувала потреба да роди бебе и да стане мајка.
- Мислев дека потребата ќе се појави преку ноќ, меѓутоа, тоа не се случи. Но, секогаш знаев дека сакам да им помогнам на децата што ги оставија нивните родители - изјави Кејси.
Кога имала 25 години, оваа жена го посвоила 16-годишниот Рендал, а една година подоцна посвоила уште двајца тинејџери; браќата Тим и Дејмон, кои тогаш имале 13 и 15 години.
- Не сум тип за бебиња и мали деца, но знаев дека јас и мојот сопруг можеме да обезбедиме топол дом за постаро дете и на тој начин да му обезбедиме добар живот - рече таа.
Кога Кејси и нејзиниот сопруг ги добија сите потребни документи за посвојување деца, нивната среќа немаше крај, а како што вели Кејси, таа е најсреќна поради фактот што ќе му овозможи на детето да го научи зборот „мама“.
Луѓето што слушнале за нејзината приказна се согласиле дека не постои похумано дело што може да го направи човек. Меѓутоа, црквата на која ѝ припаѓала Кејси не се согласила со нејзината одлука, па решиле да ја избркаат од неа.
- Пораснав во христијанско семејство. Татко ми беше свештеник и не можев да поверувам кога ми рекоа дека ја изгубив можноста да бидам мајка - се сеќава Кејси.
Поради одлуката да нема свое дете, нејзините поранешни пријатели почнале да ја избегнуваат.
- Едно утро се разбудив и забележав дека повеќето од моите пријатели ме избришаа од социјалните мрежи и ме блокираа на истите. Немавме ничија поддршка и навистина боли - рече оваа жена.
Покрај тинејџерите на кои им обезбедуваше семејство, Кејси и официјално ги посвои децата на нејзиниот сопруг од првиот брак, па признава дека често има бучава и неред во куќата.
- Некои денови се синоним за хаос, но ние секогаш се забавуваме и најважно е што сме среќни - заклучи Кејси.
Фото: Инстаграм/ fantasticfosterteens
Двојка посвоила четири деца, а потоа сопругата останала бремена: Кога го виделе ултразвукот, лекарите се шокирале