Не прифаќам не за одговор, внуката ќе го слави роденденот кај мене: Свекрвата ни се јави и ни заповеда

„Мора да бегаш што подалеку од неа“, ми рече мама, мислејќи на мојата свекрва, пред 6 години кога се омажив за Јован.
Јас и Јован немавме каде да живееме, па татко ми ни го препиша станот на покојната баба како подарок за венчавката.
„Мислев дека мојот син ќе живее во негова куќа, а не дека ќе живее со жена како домазет“, рече таа првиот пат кога се сретнавме.
„Но, мамо, тука имаме работа, живееме тука повеќе од 10 години“, ѝ се спротивстави мојот сопруг, но таа повеќе не го слушаше. Беше лута на нас.
Мојот девер беше 5 години постар од мојот сопруг. Не учеше, се ожени рано, па ја донесе својата осумнаесетгодишна сопруга во семејната куќа. Денес во нивната семејна куќа, покрај свекрвата, живее и деверот со неговата сопруга и двете деца.
Би ја разбрала желбата на свекрвата ако куќата ѝ е празна, но иако беше голема, таа беше скоро полна.
Сепак, сфатив доцна, без оглед што да направиме- таа веќе беше лута на нас.
Една година, пред 8-ми март, таа ни се јави на телефон и ни рече: „8-ми март, славиме кај мене! Одлучив!" После тоа, само ја спушти слушалката.
Не ѝ беше гајле што мислиме, дали имаме други планови - таа веќе одлучи.
Кога не се појавивме, таа беше бесна. Не ни се јавуваше неколку месеци, што беше исклучително пријатно за нас. И тогаш родив ќерка.
„Нејзиното име ќе биде Светлана како мајка ми“, рече свекрвата како да ја прашавме.
„Ние веќе ѝ го дадовме името Клара“, реков мирно.
„Какво глупаво име е тоа? Од каде ви е? Ќе одиме во општина и ќе го смениме името на детето за децата на училиште да не ја исмеваат", рече таа со потсмев.
„Тогаш сменете ги и имињата и на децата на деверот - бидејќи никој од нив не е именуван како вашата мајка. Имате две постари внуки, како не ви падна на памет да им го дадете името на вашата мајка?“ Бев бесна. Се разбира, името на моето дете е Клара и денес.
Како што се приближуваше првиот роденден на Клара, свекрвата ми се јави и ми рече:
„Ние го славиме првиот роденден на внука ми тука, во нашата куќа. Јас веќе поканив роднини и аниматори за децата. Сè е подготвено!" Кажувајќи го ова, таа ја спушти слушалката.
Можеби ќе се согласевме да го прославиме роденденот на 500 километри оддалеченост од нашата куќа ако убаво не прашаше, да кажеше дека сака така. Но, ваквиот вид комуникација, заповедување, создаде уште поголем револт кај нас.
Секако, го организиравме роденденот на Клара во нашиот стан, со кумовите, роднините и пријателите со кои се дружиме секој ден. Го поканивме деверот, јатрвата, нивните деца и свекрвата. Им рековме дека славиме кај нас и ги очекуваме да дојдат.
Сепак, тие не се појавија.
Тој ден ни заѕвони телефонот: "Дали знаете колку пари потрошив на прославата? Јас готвев два дена, повикав аниматори?!?! И вие не се појавивте ??? Каков начин е тоа?", врескаше свекрвата. Јован се обиде да ја смири и да ѝ ја објасни ситуацијата и дека многу добро знае дека таму нема да го славиме роденденот на ќерката. Не сакаше да го слуша, ја спушти слушалката.
Кога прославата заврши, на телефонот на Joван пристигна порака:
"Итно платете ми за сè што го потрошив подготвувајќи се за овој роденден на кој не ни дојдовте! И заборави на фактот дека имаш мајка, а тоа сиромашно дете дека има баба!"
Не се работи за парите. Таа организираше забава знаејќи дека не се согласуваме со тоа, знаејќи дека нема ни да дојдеме (убаво ѝ кажавме), но таа тврдоглаво тераше по свое дека ќе попуштиме и ќе дојдеме.
Поминаа неколку месеци, а од свекрвата нема ни трага ни глас. Како и да е, не можам целосно да се опуштам, постојано размислувам за каква следна луда идеја ѝ доаѓа, што е тоа што ќе го бара од нас следно.....
Фото: Profimedia