Не пристапувам прва: Цеца откри како може да ја освојат мажите

Колку што јавноста
знае, популарната пејачка е сама со години, и како што се шупшка, не е лесно
да и се пристапи, а и таа прва не им приоѓа на мажите
Една од најатрактивните српски пејачки Светлана Ражнатовиќ-Цеца ужива во својата нова животна улога, како што истакнува, во семејството најдоброто се снаоѓала откако на свет дошол Жељко.
- Секако дека најдобро се снајдов јас. Едноставно, тука сум, го сакам тоа дете, можам да му дадам смеа, радост, мое време. Родителите стануваат побогати и поискусни секој ден во тоа како е да се биде родител. Што се однесува до Анастасија, Богдана и Вељко, може да ги прашате лично - вели Цеца за Блиц.
Таа откри дека излегува два-три пати месечно, иако „кога бројат новинарите“ се чини многу почесто, а исто така раскажа и како изгледа кога една од најголемите балкански sвезди влегува во полн ресторан.
- Секој ми се восхитува во тајност, во себе (се смее). Се шегувам. Луѓето доаѓаат да не пречекаат, да не фотографираат, што е нешто сосема нормално. Ако ме прашате, што би рекле младите денес, дали се мувам со некого - тоа не се случува - искрена е Цеца.
Таа додаде дека не и е лесно да пристапи во такви ситуации.
- Да не лажам, тешко ми е да пристапам. На пример, дури и ако сакате да ми пријдете во ресторан, нема шанси бидејќи сите ќе ве видат. Вие дури и не знаете како ќе реагирам. И така натаму. Факт е. Не знам како да ги советувам припадниците на посилниот пол. Она што со сигурност можам да го кажам - нема прва да им пристапам - вели Цеца.
Таа исто така откри дека не „флертувала“ на социјалните мрежи, но откри икаков човек може да го освои нејзиното срце.
- „И тогаш се појави како да си магија“. Да бидам малку сериозна, не ми треба волшебник или магионичар, потребен ми е некој што може да ја разбуди таа хемија меѓу нас. Како ќе изгледа, сега со малку повеќе животно искуство, можам да кажам дека нема правила, но сепак сум естет и обожавам убави појави - заклучи таа.
Фото: ANTONIO AHEL/ATAIMAGES
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Цеца го покажа вистинското лице: Пејачката во целосно природно издание