Не се сите солзи исти: Постојат три вида и сите имаат многу важни функции

Во ред е да плачеме и солзите се во ред, а еве зошто се тука и кога сме среќни и кога сме тажни.
Тага, среќа, грижа, па дури и ПМС. Многу често ги пречекуваме и поминуваме во солзи.
Без разлика дали плачеме „како дожд“ или пролеваме големи, таканаречени крокодилски солзи, тие главно се одраз на нашите емоции и на она што му е потребно на телото „да го исфрли од „системот““.
Сепак, не се сите солзи исти.
Ние произведуваме три вида солзи: базални, рефлексни и емоционални.
-Солзите обично имаат функција на одржување на здравјето на очите. Така, на пример, базалните солзи течат континуирано. Тие ги чистат и подмачкуваат очите. На тој начин, тие ја прават мазна надворешната површина на очите и ни помагаат да гледаме подобро.
-Рефлексните солзи се случуваат несвесно. Тие помагаат во прочистување на очите и не' штитат од надразнувачи, вклучително и честички на прашина или гас на база на сулфур кои се ослободува кога сечиме кромид.
-Постојат и емоционални солзи кои се јавуваат како одговор на емоциите. За овие солзи се смета дека се карактеристични само за човечкиот вид.
Андре Силва, докторанд по психологија на Универзитетот во Минхо во Португалија, верува дека емоционалните солзи можат да послужат како средство за невербална комуникација.
„Бебињата плачат да им сигнализираат на своите мајки дека нешто не е во ред. Плачењето е повик за внимание".
Силва смета дека мислењето дека бебињата плачат за внимание, е погрешно: „Ова мислење е погрешно, бидејќи бебето не е свесно за што плаче“. Овие бебешки солзи, на некој начин, може да се класифицираат и како базални, рефлексивни и емоционални солзи.
Плачењето е исклучително моќен визуелен израз на чувства што го користиме дури и пред да зборуваме. Најмоќната причина за емотивно плачење е огромното влијание на солзите врз другите.
Како што расте детето, тоа почнува да пушта солзи за да изрази емоции, како што се среќа или тага. Тие солзи можат да предизвикаат сочувство и емпатија кај другите.
„Тоа е моќен комуникациски, но исто така и моќен манипулативен „уред“. Од друга страна, плачењето им отежнува на некои луѓе да ги сокријат своите чувства кога се наоѓаат во екстремно емоционална состојба", вели Силва.
извор:stil.kurir.rsфото:Shuterstock