Не сте поголеми мајки ако доите: Србинка доживеа јавен линч од други мајки откако објави фотографија која имаше за цел да насмее

Добивај вести на Viber

Во најголемата Фејсбук група за Срби кои летуваат во Грција, мајка објави фотографија со своето бебе додека го дои, со шеговит натпис: „Само домашно од Србија, мојот патлиџан турист“. 

На сликата не се гледаат лицата ниту на мајката ниту на бебето, ниту пак градите – доењето едвај се насетува.

Иако мајката очекувала да насмее со објавата, добила бран негативни коментари – претежно од други жени. 

Дел ја обвиниле дека бара внимание и лајкови, а некои дури ја навредувале. „Не станувате поголеми мајки ако доите. Сите мајки ги хранат своите деца, на кој било начин,“ напишала една од нив. Друга додала: „Се гордеете со доењето, а што со мајките кои користат дохрана? И тие се мајки што мислат на своите деца.“

Сепак, имало и жени кои реагирале смирено и порачаа дека никој не осудува мајки кои не дојат, туку дека фотографијата е бенигна и не заслужува злобни зборови.

Интересно е што ниту еден маж не оставил лош коментар – нападите дојдоа токму од други мајки. На крајот, администраторот морал да го заклучи коментирањето поради жестоката расправа.

Случајот отвори прашање: зошто токму мајките најчесто ги осудуваат другите мајки, дури и кога нема ништо провокативно или навредливо?

Извор / EPA