Ненадминлив луксуз: Домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е идилично катче од бајките (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иако обично не ја покажува својата скапа вила на социјалните мрежи, Јелена Карлеуша понекогаш прави исклучок.

Пејачката Јелена Карлеуша е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде понекогаш споделува детали од своето секојдневие, со кои таа открива и во каков луксуз ужива нејзиното семејство.

Пред извесно време фудбалерот Душко Тошиќ и пејачката Јелена Карлеуша со ќерките Атина и Ника се преселија од вила на Дедиње во скапа куќа во Сењак, за која наводно издвоиле 2,5 милиони евра.

Семејството долго чекаше да се пресели бидејќи нивниот нов дом е реновиран со посебна грижа, а обожавателите на Јелена едвај чекаат да откријат во каков луксуз ужива и каков е нејзиниот вкус за уредување простор за живеење, бидејќи сите многу добро го знаат нејзиниот моден стил.

Додека ентериерот останува скриен зад затворени врати, Јелена ја покажа волшебната надворешност: балкон кој потсетува на сцени од холивудските филмови и двор. Некои фотографии што пејачката ги сподели изминатите месеци покажуваат дека е вложен посебен напор за украсување на овој дел од домот, во кој доминираат беж, шампањ и крем тонови.

Покрај тоа што очигледно се е скапо, семејството Карлеуша-Тошиќ очигледно првенствено мислело на удобноста, што го прави овој дел од куќата идиличен. На некои од фотографиите забележуваме кафеави и бакарни детали, како и украси во форма на мајмун, а исто така има и удобна фотелја во форма на солза. Многу цвеќиња и балкон кој нуди поглед кон природата, беспрекорно уреден двор и приватен базен.

Неодамна таа ја отвори и вратата од нејзиниот огромен гардеробер дома.

извор:GLOSSY