Неодамна стапија во брак, а сега се зборува дека ќе добијат дете: Што вели за ова „Вљубениот ерген“?

Добивај вести на Viber

Актерката Гупсе Озај и најпосакуваниот турски актер Бариш Ардуч, кои се во љубов веќе 6 години, кон крајот на јули својата љубов ја крунисаа со брак. По ненадејниот брак на парот, се појавија шпекулации дека тие очекуваат бебе. Изјавата за дете дојде од Бариш, кој за турските медиуми откри како стојат работите.

„Одморот заврши, се вративме на работа“ - истакна познатиот актер и додаде: „Нашиот брак оди многу добро. Имавме врска од 6 - 7 години. Веќе бевме во брак. Носењето прстен беше нешто што многу го посакувавме. Исто така, сакав да носам прстен. Можеби во многу бракови има изненадувања, но кај нас нема, ние го делиме животот веќе седум години. Немам изненадување, ја знаеме секоја наша навика“.

Потсетувајќи дека имаа едноставна венчавка, Ардуч истакна: „Во тоа време, имавме таква намера. Разговаравме дека постарите членови на семејството не може да дојдат, дека ќе имаме свадба или нешто слично кога сè ќе се нормализира.“

Најпосакуваниот ерген, кажа збор два и за шпекулациите поврзани со бременоста на Гупсе: „Овој вид на вест беше она што го очекувавме. Сакаме дете и имаме намера. Доколку има такво нешто, веста ќе ја споделиме со задоволство. Во моментов нема такво нешто.“

На крај, актерот посочи дека најлошиот период со пандемијата го поминал дома со неговата сопруга, која постојано пишувала.

Извор: ahaber.com.tr